Македонија земја рекордер по невработеност

Bez autora
Nov 11 2010

Едни се срамат, други се плашат. Невработените бегаат од камерата. Не сакаат јавно да зборуваат. Овој средновечен маж, без работа останал пред три и пол години, зборуваше пред камерата, но инсистираше да остане анонимен, од страв да не го препознаат, па како што вели да остане и без сини картончиња. Ако не си најдам сам, никој нема да ми најде. Сам тешко се наоѓа, со оглед на моите години и на браншата во која работев. Работев шофер, возев шлепер. Сега чекам жена ми да донесе плата. Јас сум домаќинка, перам, пеглам, правам ручек. Невработеноста е рак рана за македонската економија. 20 години овој проблем го тишти стопанството. Според статистиката секој трет Македонец е невработен. Без изнаоѓање дополнителни свежи инвестиции ние не можеме да ја намалиме сиромаштијата, односно преку зголемување на вработеноста. Тетово, градот под Шар Планина е пред економскиот колапс. Загрижувачки податок - повеќе од девет илјади семејства се корисници на социјална помош, а над 30.000 лица се евидентирани како невработени.

Македонија земја рекордер по невработеностЕдни се срамат, други се плашат. Невработените бегаат од камерата. Не сакаат јавно да зборуваат.

Овој средновечен маж, без работа останал пред три и пол години, зборуваше пред камерата, но инсистираше да остане анонимен, од страв да не го препознаат, па како што вели да остане и без сини картончиња.

„Ако не си најдам сам, никој нема да ми најде. Сам тешко се наоѓа, со оглед на моите години и на браншата во која работев. Работев шофер, возев шлепер. Сега чекам жена ми да донесе плата. Јас сум домаќинка, перам, пеглам, правам ручек“, вели жител на Скопје.

Невработеноста е рак рана за македонската економија. 20 години овој проблем го тишти стопанството. Според статистиката секој трет Македонец е невработен.

„Без изнаоѓање дополнителни свежи инвестиции ние не можеме да ја намалиме сиромаштијата, односно преку зголемување на вработеноста“, вели Абдулменаф Беџети, универзитетски професор.

Тетово, градот под Шар Планина е пред економскиот колапс. Загрижувачки податок - повеќе од девет илјади семејства се корисници на социјална помош, а над 30.000 лица се евидентирани како невработени.

„Не е многу лесно да се најде работа во Македонија, па сакам да одам во странство. Ќе завршам школо, ќе треба да бидам политички определен за да најдам работа“, велат анкетираните тетовчани.

Идентична е ситуацијата и на истокот во Македонија. Екс ју-лидерот во текстилната индустрија „Штип“ денеска едвај преживува. До работа тешко се стигнува.

„Мислам дека тешко се стигнува“.

„Нема голем избор. Нема услови“, велат штипјани.

Феноменот на невработеност во Македонија, го анализираат и социолозите.

„Партијата на власт е таа која што го диригира тој сегмент на вработувањето. Таа знаеше да го потцени трудот - вработува во администрацијата, но ниско ја плаќа или пак поставува такви услови кои што бизнис заедницата не може да ги следи“, изјави Христо Карталов, универзитетски професор.

Невработеноста останува на многу високо ниво од 32,2 % и во 2010-та продолжува да расте - најмногу меѓу младите и помалку образованите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik